Земјотрес

ЗЕМЈОТРЕС

Sixtynine Records како локален промотер од 2005 наваму зад себе има голема листа на организирани концерти. Меѓу поголемите, а веројатно и најзначаен на листата е фестивалот за независна музика “ЗЕМЈОТРЕС”.

12710905_1103733393000933_8962474185588596094_o

ЗЕМЈОТРЕС е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, Sixtynine Records и PMG Recordings, претставува потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес.

Настанот се случува веќе 5 години во Младинскиот Културен Центар во Скопје, а секоја година истиот е комплетно распродаден (+2000 влезници).

ЛИНКОВИ:
Facebook
Twitter
#zemjotresfest
#земјотрес
#земјотресмк